(ФОТО) И херои од Велес заминуваат за Турција во спасувачка мисија

И пет велешки херои од противпожарната единица заминуваат во спасувачка акција во Турција, да помогнат на настраданите по катастрофалните земјотреси. 

 Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров се петтемина херои од ТППЕ Велес кои ќе се упатат кон Република Турција да го дадат својот придонес за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес. Со едно возило и потребната опрема за заштита и спасување овие пожарникари во наредниот период ќе дадат дополнителна помош на пријателскиот турски народ.
 „Со среќа!
Нашите мисли и молитви ќе бидат со вас, ве чекаме назад во добро здравје“, напиша Колев испраќајќи ги велешките херои во спасувачка мисија. 

08.02.2023 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа