ФОТО: Хрватската претседателка го изненади својот колега со нежна прегратка

 

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ одлучила да продолжи со својата мала традиција и да го прегрне за време на посетата, својот словенечки колега Борут Пахор.

Словенечкиот претседател и Колинда неформално се состанале во Вила Подрожник.

Хрватската претседателка го посетила словенечкиот колега по посетата во Албанија. Она што е интересно е моментот кој го забележи фотографот на Пахор - хрватската претседателка го прегрна Пахор, што се вели, филмски.

Со тоа Колинда потсети на своето однесување за време на церемонијата при затворањето на Светското фудбалско првенство.

Тогаш таа одлучи да го прекрши непишаното правило на дипломатијата и да се препушти на емоциите, па да ги прегрне скоро сите кои ѝ приоѓаа.

 

 

 

23.07.2018 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа