(ФОТО) Градоначалникот се качи на велосипед и сврте некое крукче: „И ние аматерите ја почуствувавме возбудата“

Љубителите на велосипедскиот адреналин имаат ново катче во градот, пишува на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Велес, Марко Колев, соопштувајќи ја веста за официјалното пуштање во употреба на „pump патеката во Градскиот парк“, во градот Велес.
 
Дури и самиот тој, го зеде велосипедот в раце и заврти некое крукче.
„И ние аматерите имавме можност да ја почуствуваме возбудата“, пишува градоначалникот Колев на социјалната мрежа Фејсбук.
 
 
„Официјално е пуштена во употреба pump патеката во Градскиот парк каде сите љубители на овој спорт ќе можат да се рекреираат и да ги унапредуваат своите вештини.
Уживавме во изведените егзибиции од младите на своите велосипеди и скејтборди, но и ние аматерите имавме можност да ја почувствуваме возбудата.
Велес станува поубаво место за живеење за сите генерации, да го чуваме“, стои во објавата на градоначалникот на Општина Велес.
 
23.05.2022 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега