(ФОТО) Градоначалникот Јакимовски прогласен за почесен граѓанин на Тиват: Улица во општината ќе го носи името „Карпошка“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на Фејсбук објави дека е прогласен за почесен граѓанин на Општина Тиват.

– На мое огромно задоволство јас и г-динот Миленко Филиповиќ поранешен Градоначалник на Сремски Карловци сме прогласени за почесни граѓани на Општина Тиват.

Во центарот на Тиват именувани се “улица Карпошка” и “улица Сремско Карловачка” во чест на долгогодишната соработка како збратимени општини.

Благодарам пријатели од Тиват! – напиша Јакимовски на Фејсбук.

22.11.2022 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа