ФОТО: Град Скопје "дере" во Државна - за паркинг 70 денари час

 

 

Ако недај Боже некој ваш близок се повреди, Владата и Град Скопје ви препорачуваат во болница да го однесете со некој од автобусите на ЈСП.

Ако случајно се решите да го донесете со автомобил, поради тоа што ќе го загадувате воздухот, ќе треба да платите неверојатни 70 денари за еден час.

Ако треба да почекате неколку часа за некои испитувања или резултати тоа ќе ве чини можеби и цела дневница.

Една госпоѓа на социјалните мрежи ја објави оваа фискална сметка. Очигледно се наплатени 5 часа за 350 денари. Таа вели дека дошла од Неготино со неподвижен човек и дека морала да користи автомобил.

Чудна е математиката. Над 1000 денари за гориво и уште 350 за паркинг. Но што да се прави, Владата и Град Скопје решија да се борат со загадувањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2019 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега