ФОТО: Голема среќа во домот на Зеќири - гордиот татко се пофали на Фејсбук

Деновиве имаше голема причина за славење во домот на  потпретседателот и пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири.

Како што самиот соопшти, неговата најмала ќерка Далиа Нани наполни една година.

Гордиот татко објави нејзина фотографија и во опис напиша емотивна порака:

„Пред една година, на овој ден. Господ ни го даде најдобриот подарок, а тоа си ти, мое девојче Далиа Нани. Среќен 1. роденден. Биди благословена и секогаш среќна“, напиша Зеќири.

Зеќири и Бисера се венчаа пред две години, а кумови на свадбата им беа премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица.

Инаку, тие беа во врска неколку години. Ова е втор брак за двајцата, тој од претходниот брак има две ќерки, а Бисера има син.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега