ФОТО: Гламурозна свадба - Мило Ѓукановиќ го ожени синот, познати пејачи пееја на веселбата

Синот единец на поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ се ожени вчера со Милена Поповиќ, со која долги години беше во врска.

Младенците славеле на Свети Стефан, во преубав аранжман во розови и бели тонови, а гостите биле воодушевени од огромните букети рози, како и необичните детали на масите и внимателно избраната декорација.

Инаку, црногорската убавица Милена не е позната личност.

Гостите со своите песни и забавувале Милица Павловиќ, Александра Пријовиќ, Аца Пејовиќ, но и пејачот Хари Мата Хари кој ја отворил вечерта, информира порталот Ја сакам Подгорица.

На веселбата присуствувале бројни политичари и бизнисмени, меѓу кои и амбасадорот на Црна Гора и Србија Бранислав Миќуновиќ, градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2019 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега