ФОТО: Ги засука ракавите - првата дама на Македонија направи зелник

Сопругата на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, првата дама Елизабета Ѓорѓиевска вчера го посети охридското село Рамне, од каде што објави интересни фотографии.

Таму се дружеше со семејството Недановски, кое, како вели „одгледуваат се’ што може природата тука да даде, рузмаринот е во миризливи грмушки, јајцата се свежи, киселото млеко самите го прават“. 

„Традицијата е движечка сила во семејството Недановски, Наташа, Васко и нивниот дванаесетгодишен син Петар. Тие стојат зад името 'Пирустија'.

На околу илјада метри надморска височина, во Рамне, тие одгледуваат се' што може природата тука да даде, рузмаринот е во миризливи грмушки, јајцата се свежи, киселото млеко самите го прават...

Главните состојки во секое јадење се љубовта и надежта, а она што е најважно, како што вели Наташа, е задоволството и споделената енергија што им останува на крајот од денот“, напиша Ѓорѓиевска во опис на фотографиите, на коишто се гледа дека не останала рамнодушна и таа ги засукала ракавите за да направи зелник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2020 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа