ФОТО: Фризер ја откри тајната на Меган Маркл - кажа зошто постојано војвотката носи пунџи

Меган Маркл на повеќето јавни случувања после породувањето се појавува со коса собрана во пунџа. Познатиот фризер Џејмс Џонсон открил дека оваа гламурозна фризура е всушност паметен трик со кој војвотката спречува косата да ѝ се оштети после бременоста.

„Во бременоста запира циклусот низ кој косата инаку поминува, па така во бременоста косата не опаѓа. Меѓуота, после бременоста опаѓа цела коса која требала да отпадне за тие девет месеци бременост. Меган затоа сега ја носи собрана во елегатно опавче или пунџа за да спречи додатно оштетување. Исто така, тие фризури на лето се многу практични поради жештините“, објаснил тој. „Ако косата е оштетена за време на бременоста врзувањето ќе спречи понатамошни оштетувања“, додала таа.

Можно е гламурозната пунџа да е начин на кој Меган се обидува да биде „средена“, затоа што веќе неколку пати беше критикувана поради неуредните фризури во јавноста.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.07.2019 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега