ФОТО: „Фантастично поминат ден со мојата душа“ - сестрите Маријана и Росана на викенд уживање

Откако пејачката Маријана Новачевска пред две недели дојде од Австралија, таа и нејзината сестра Росана Сариќ-Тодоровска се неразделни. Близначките прво имаа емотивна средба на скопскиот аеродром, па заедно го прославија првиот роденден на Ноа, внукот на Росана. Тие викендов уживаа на Матка, а Росана не ја крие среќата што сестра ѝ по две години е повторно во Скопје.

„Фантастично поминат ден на Матка… со мојата душа“, напиша Росана и откри дека со Маријана ја посетиле пештерата Врело, дека се возеле со кајче по реката Треска и дека се забавувале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.07.2019 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега