ФОТО: Елена Велевска со емотивна порака за Драган Вучиќ - „Несебично беше до мене кога најмногу ми требаше“

Веста за смртта на водителот Драган Вучиќ ја потресе македонската јавност.Неговите колеги, блиски пријатели веќе почнаа да се простуваат од него на социјалните мрежи споделувајќи заеднички фотографии и емотивни пораки.

Македонската пејачка Еелена Велевска објави фотографија со водителот во чиј опис напиша порака во која му се заблгодарува за се што направил за неа.

-Другар...Ми помогна кога започнував, беше првиот кој ми даде шанса и со тебе го заработив првиот хонорар. Беше и ќе останеш голем човек, човек кој несебично беше до мене кога најмногу требаше. Среќна сум што те познавав. Остави многу, за тебе твоите дела ќе зборуваат...А, нашиот последен разговор? Септември нешто ново, м? Ти благодарам за се! Почивај во мир - напиша Велевска.

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека водителот починал од коронавирус.

„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските.“ напиша Филипче на фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега