ФОТО: Две заводливи русокоси без срам ги фотографираат своите несовршености - покажаа како изгледаат во реалноста

Можеби за вас имињата Аријела Ниса и Карина Арби не значат ништо, но во Австралија овие две дами се големи Инстаграм ѕвезди, на кои се угледува цела армија тинејџерки и млади девојки.

Овие две девојки главно се фотографираат во бикини и костими за капење и тоа со цел да промовираат различни тела, односно да ги поттикнат жените да се сакаат и прифатат себеси во сите фази.

Неодамна двете убавици споделиле серија фотографии од базен, а наместо совршено вајани стомачни, се „пофалиле“ со надуени стомаци.

Повеќето жени знаат каков проблем може да биде натеченоста. Главно одбираме тоа да го сокриеме, а неретко се случува да одлучиме да прескокнеме посета на базен поради надуениот стомак.

Аријела и Карина се забавувале токму со таа тематика, објавувајчи фотографии и снимки на кои гордо покажуваат дека немаат совршена линија.

Двете инаку активно работат на тоа да ја рашират свеста за реалната женска убавина, односно посветено „ја одржуваат реалноста“ во виртуелниот свет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега