ФОТО: Две причини за славење - македонскиот пејач ја сподели убавата вест на Фејсбук

Македонскиот пејач и поранешен учесник во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Филип Божиновски, стана татко. Неговата сопруга Сања Митровска роди ќерка.

Убавата вест пејачот ја сподели на Фејсбук.„Денеска, на 24 август, еден ден пред мојот роденден го добив најубавиот подарок. Чувството не се опишува. Емоциите не можам да ги објаснам со зборови. Мојата Сања Митровска ми роди ќерка. Станав татко. Новото поглавје во нашиот живот допрва почнува“, напиша Божиновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.08.2020 - 18:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега