ФОТО: Двајца новинари се пријавија да ја рушат дивоградбата кај Мавровка

Двајца новинари  на социјалните мрежи се пријавија да ја рушат дивоградбата кај Мавровка.

Откако истекоа законските рокови во кои непознатиот инвеститор требаше сам да ја урне дивоградбата, општината Чаир објави тендер за избор на фима која ќе ја отстрани истата. Но, според информациите ниту една фирма не се пријавила на тендерот за рушење.

Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, па новинарите почнаа  доброволно да се пријавуваат  за рушење на дивоградбата.

Јас се пријавувам за уривање на нелегалниот објект кај Мавровка, напиша Дарко Чекеровски.

Затоа што фирма нема да се најде, по примерот на Darko Chekerovski, и јас се пријавувам доброволно за рушење на дивоградбата кај Мавровка. Не треба дневница, само хилта, напиша и новинарот Огнен Чанчаревиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа