Два автомобили и магацин на маркет гореа вечерка до Зеленото Пазарче во Центарот на Скопје. Причините за пожарот не се познати, но потекнал од паркирано возило, се префрлил на друго, па потоа и на магацински простор на ланец маркети.

ФОТО: Press24

Командирот на Скопската противпожарна бригада, Звонко Томески во изјава за Press24 рече добиле пријава за запален автомобил во 23:05 часот.

ФОТО: Press24

-Веднаш беа упатени две противпожарни возила од Центар Автокоманда кои со самото пристигнување увидоа дека пожарот е проширен на соседниот објект кадешто било паркирано возилото. Така што испратено е уште едно противпожарно возило. Интервенцијата сѐ уште трае. Завршуваме некаде 30 минути после полноќ. Само материјална штета, нема повредени лица, вели Томоски.

ФОТО: Press24
ФОТО: Press24
Leave A Reply

Exit mobile version