ФОТО: Дошле да гаснат пожар во црква, па се зачудиле од глетката - изгорело се освен ова

Пожарникари во американската држава Западна Вирџинија ги запрепастила глетката која ја затекнале после пожарот кој проголтал црква. Кога го изгасиле оганот откриле дека асите Библии и дрвени крстови не изгореле.

Тие на Фејсбук објавиле фотографија од 20. зачувани книги и крстот на олтарот.

Пламенот бил толку силен што на кратко морале да се повлечат, а штетата на објектот е преголема па црквата ќе мора да се доградува.

Свештеникот Фил Фарингтон смета дека зачувувањето на светите работи е знак од Бога.

-Среде оган Божјиот збор секогаш ќе стои - рекол свештеникот за Вашингтон пост.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега