ФОТО: Добро погледнете го лицето на оваа жена - денес девојките сакаат да изгледаат како неа

Светските медиуми пишуваат за старлетата Кејти Прајс (43) и за тоа како се уништила со многуте операции, па од прекрасна девојка, дошла до изглед на пластична кукла.

Имено, Кејти повеќе ни сама не знае колку операции за 'разубавување' имала. Само операции на градите имала 'околу 12', а ботоксот повеќе не ѝ делува бидејќи го користела пречесто до својата 30-та година.

Неодамна Кејти заминала во Турција, за таму да најде хирург кој ќе ја 'поправи' грешката на докторот од Велика Британија. Турските доктори по естетска хирургија се познати по тоа што не одбиваат ниедна операција и прават сè што клиентот ќе им побара, а Кејти досега побарала да ѝ направат - бразилско поткревање на задникот, липосукција на стомакот, зголемување на усните, јаболчници, ботокс третмани, фејс лифтинг, операција на носот.

Од природниот изглед на Кејти Прајс ништо не останало.

Иако лицето на Кејти Прајс ја шокира јавноста, сепак, повеќето жени денес сакаат да имаат мал нос, затегнато лице без брчки, мачкасти очи и полни усни.

Ретко која жена прифаќа стареење. Стареењето престана да биде привилегија, туку стана срам. Никако не смеат да се гледаат брчките, никако забите да не бидат природна боја, туку порцеланско бели, никако тенки усни... А, дали некој воопшто размислува за здравјето?

16.07.2021 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега