ФОТО: Димитров и неговиот син заедно славеа роденден - „Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките“

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, денеска полни 48 години. Тој на својата официјална Фејсбук страна објави фотографија од него и неговиот син Калин, кој е роден на ист ден како својот татко.

„„Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин, за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети, со љубов, верба и надеж, и со сите ѕвезди ортаци!“, напиша Димитров во опис на фотографијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.09.2020 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега