ФОТО: Девојката на Ериксен избезумена истрча на терен – редарите едвај ја спречија да дојде до него

Девојката на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен, Сабрина во солзи од трибината истрча кон него, но редарите на стадионот Паркен во Копенхаген ја запреа.

Освен редарите, на помош истрчаа и играчи на Данска кои ја сопреа да отиде кај Кристијан.

Според официјални информации од УЕФА, тој е во стабилна здравствена состојба и е префрлен во болница. Натпреварот Данска – Финска беше прекинат, а засега нема информации кога ќе се одигра.

 

12.06.2021 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега