ФОТО: Делчевската полиција пронајде насад со 112 стебла марихуана

Делчевската полиција пронајде 112 стебла марихуана во висина од 75 сантметри до три метри.

- Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево денеска (01.08.2020) во атарот на делчевското село Град, во месноста Суви дол пронајде насад со 112 стебла „Канабис сатива“ во висина од 75 см до три метри. По насоки на  јавен обвинител од ОЈО Кочани стеблата се подигнати за вештачење, а се преземаат и дополнителни мерки и активности со цел расчистување на случајот, се вели во соопштението од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.08.2020 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега