ФОТО: Дарко Панчев го прослави роденденот во домашна атмосфера

Легендарниот фудбалер Дарко Панчев вчера наполни 55 години. Роденденот го прослави дома, во друштво само на сопругата, пејачката Маја Гроздановска Панчева, и ќерките Надица и Марија. Тие му подготвија торта за да го изненадат, а Маја на „Фејсбук“ објави фотографија и јавно му го честита роденденот.

„Оваа година сите ние си ги прославивме родендените сами во корона услови, со надеж дека догодина ќе биде подобро. Да си ни жив и здрав тато уште многу години“, напиша пејачката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.09.2020 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега