ФОТО: Честитки ѝ пристигнуваа на македонската пејачка - „Многу причини имам да го славам секој ден, а не само овој ден“

За македонската пејачка и учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Елена Миленковска, оваа година тргна повеќе од одлично.

Таа минатата година се омажи за својот сакан, исто така учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Гуте Маринковиќ.

Во јуни оваа година, Елена и Гуте станаа родители на нивното прво дете, односно синот Максим.

Сега таа имаше уште една причина за славење, а тоа е нејзиниот роденден.

„На овие фотографии се наоѓа се’ што себеси би си посакала за својот 27 роденден. Повеќе не ми треба. Само кога ќе помислам колку убави работи ми донесе 26та година од мојот живот. Тогаш ќе се насмеам и си велам колку сум среќна личност. Претходната година за мојот роденден добив прстен од господинот од мојата лева страна, подоцна тој господин стана мој сопруг а јас госпоѓа Маринковиќ, а пред само три месеци ни се придружи овој мал господин.

Толку многу причини имам да го славам секој ден од животот, а не само овој ден. Ти благодарам семејство за овој прекрасен ден. Ве сакам и среќна сум што ве имам.Среќен ми роденден“ напиша пејачката во опис на фотографиите од роденденот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.08.2020 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега