Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите

    12.03.2026 во 13:51

    Гаши на Комеморативната седница за годишнината од трагедијата во Кочани: Правдата не смее да биде ниту пребрза за политички поени, ниту задоцнета

    12.03.2026 во 13:37

    Една година од пеколот во „Пулс“: Собранието со солзи и едноминутно молчење им оддаде почит на 63-цата загинати во Кочани

    12.03.2026 во 13:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите
    • Гаши на Комеморативната седница за годишнината од трагедијата во Кочани: Правдата не смее да биде ниту пребрза за политички поени, ниту задоцнета
    • Една година од пеколот во „Пулс“: Собранието со солзи и едноминутно молчење им оддаде почит на 63-цата загинати во Кочани
    • Хорор во Штип: Тригодишно дете хоспитализирано со труење од седативи
    • Алиу: Нападот врз лекар е кривично дело за кое се оди во затвор
    • Уживајте во утрешното сонце, од сабота попладне следува пресврт
    • Крај на хаосот кај Клинички: Скопје добива нов кружен тек кај НБРМ и две катни гаражи со 500 места
    • ЕВН најави исклучување: Една скопска улица утре ќе остане без струја до 12 часот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Цела естрада тагува – „Кили друже мој, роден бунтовник, еден и единствен”

    ФОТО: Цела естрада тагува – „Кили друже мој, роден бунтовник, еден и единствен”

    12.03.2026 во 10:502 Mins Read
    Принтскрин, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Македонската естрада се простува од актерот Кирил Поп Христов-Кили, кој почина на 58.годишна возраст во Еквадор, од инфаркт додека спиел.

    Од него се прости актерот Драган Спасов Дац, со објава на Фејсбук.

    ТВ режисерката Ана Глигорова со потресна порака: – Кили друже мој од старо маало кај парк, каде одлета прерано кон синото небо во твојата втора татковина.Помина низ премрежја на тешка болест – канцер, беше уверен дека алтернативната медицина и далечната земја ќе ти помогне во лечењето, и беше во право.Неверојатен во Тетовирање, одличен во музиката, мултиталент. Еден и единствен, роден бунтвоник, друже мој. Ќе завршам во твој стил – Ма немој да ме ј..беш бре! – упатен кон сите комформисти, опортунисти, малогаѓни и простаци.

    Лејдис анд Џентлмен, ви го претсавувам новиот претендент за вечноста Кили Поп Христов, еден и единствен, напиша таа.

    Се простија и Миа Костова и Весна Петрушевска.

    Неговата сопруга, кореографката Гордана Деан-Поп Христова, за ЦрноБело изјавила дека тој починал во сон од инфаркт и дека таа ќе го памети само по убавите моменти поминати заедно.

    Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски во 1989 година. Од 1993 година работел во Македонски народен театар во Скопје.

    Познат е по улогите во Тетовирање, Македонска Сага, Пикасо и Трст виа Скопје.

    Нека почива во мир. Сочувство до семејството.

    Top News
    Популарно

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19

    Крај за лажните „0% камата“: Министерството за финансии откри измами кај финансиските друштва

    11.03.2026 во 13:10

    ДУИ: Итна оставка од Костадиновски

    11.03.2026 во 22:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.