ФОТО: Британец носел змија наместо маска во автобус - патниците зачудено го гледале

Многу земји донесоа прави за задолжително носење на маски во јавен превоз, а поедини граѓани на сите начини се обидуваат да го покријат лицето.

Така еден Британец ги изненадил своите сограѓани, кога во автобус влегол со змија. Наместо маска, носел змија. Змијата му се замотала околу врата и му покрила дел од лицето, а тој изгледал како тоа да е сосема нормално.

„Прво помислив дека има некоја интересна маска. А, потоа видов дека ја пушти змијата да се замотува околу шипката. Никому тоа не му пречеше, напротив, беше крајно забавно“, рекла една патничка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега