ФОТО: Браќа близнаци се ожениле со сестри близначки - погледнете ги нивните деца

Фотографијата од свадбата на двајца браќа близнаци и две сестри близначки стана хит во светот. Паровите се вселиле дури и во куќи во соседство, одвоени само со ограда, а живееле како едно необично семејство. Потоа на свет почнале да доаѓаат и нивните деца.

Прво Дајен и Крег станале родители, кои исто така добиле еднојајчени близнаци. Инаку според статистиката, идентични близнаци добиваат 3 од 1.000 парови, а шансата идентичните близнаци да добијат идентични близнаци е една во милион.

Потоа Марк и Дарлин станале родители на две близначки, овој пат двојајчани, а неколку години подоцна добиле и син.

Фасцинантниот научен факт во оваа приказна лежи во фактот дека децата, иако од различни родители, имаат таква генетика како да се родени браќа и сестри, што било предизвикано од тоа што нивните родители, како идентични близнаци имаат иста селекција на гените. Погледнете како изгледаат:

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2018 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега