ФОТО: Борисов тврди дека претседателот Радев го снимал со дрон додека спие покрај полните фиоки со евра и пиштол покрај главата

Бугарските медиуми објавија фотографии , на кои се гледа премиерот Бојко Борисов како спие во неговата спална соба , а во фиоката има злато и евра. До креветот има и пиштол.

На една од нив се гледа тој додека спие, а на друга може да се забележи ноќно масиче до креветот врз кое стои пиштол, како и пари и злато во фиока.

Борисов вели дека зад фотографиите стојат неговите опоненти, а целта е да го уништат.

Тој го обвини претседателот Румен Радев дека го снимал со дрон, кој го добил како подарок од Кина.

„Можеле да ме снимаат и како ‘рчам, ако го правам тоа воопшто. Од каде да знам дали го правам. А, ако се откриев? Ова ли е демократијата која ја сакавме? Немам ли право да си легнам, да си спијам, изјави Борисов, коментирајќи дека слатко си спиел.

Борисов не негира дека бил снимен додека спие, но тврди дека предметите на другите фотографи биле намерно поставени.

Борисов истана дека во неговата соба има сеф и нема потреба да чува пари во шкаф. Рече и дека не спиел со пиштол до главата, но од денеска можеби и ќе го направи тоа бидејќи е загрижен за својата безбедност.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.06.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега