ФОТО: Бил приврзан за семејството Брајант - пријателите откриле каков бил пилотот кој управувал со хеликоптерот

Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица загинаа во неделата во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Причината за несреќата се уште се испитува и не се очекува дека резултатите ќе бидат наскоро обелоденети. Се смета дека главна причина за катастрофата била магла поради која хеликоптерот удрил во планина.

Меѓу 9-те настрадани бил и 50-годишниот пилот Ара Зобајан.

Ден после несреќата се огласиле пријателите на Ара. Сите го фалат, велат дека бил прекрасна личност, секогаш насмеана и подготвена за шега.

„Вистина е дека повеќето пилоти сме егоисти, но тоа не беше случај со Ара. Секогаш беше опуштен и смирен“, рекол неговиот пријател Џаред Јоким.

„Неговите зборови секогаш биле на место и полни со љубов. Секогаш беше подготвен да се смее“, додал Јоким и нагласил дека Ара посебно бил приврзан за Коби Брајант и неговото семејство.

И другите пријатели со слични пораки се збогувале од Ара, тврдејќи дека бил личност за пример.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега