ФОТО: Без никакво предупредување - лифт оставен отворен во катната гаража „Кресненско востание“

Лифтовите кои се оставаат отворени, без притоа за тоа да има предупредување може да бидат многу опасни по животот на луѓето, па дури и кобни.

На социјалната мрежа Твитер, неколку корисници објавија фотографии кои сведочат голема неодговорност од страна на надлежните на катната гаража „Кресненско востание“.

Станува збор за лифт во еден од ходниците на гаражата, кој е целосно отворен и небезбеден за граѓаните, а притоа нема никаква ознака за предупредување.

За среќа, досега не дошло до поголема несреќа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега