ФОТО: Беше најубаво девојче на светот - од 2. години одеше на солариум и секој ден се шминкаше, а денес е вистинска убавица

Не е тајна колку кај Американците се популарни детските натпревари за убавина, а голем број мајки токму во нив гледаат можност нивните дека да станат менекенки или модели. Но, сте има две страни, па и ова, а тоа најдобро на своја кожа го почувствувала младата Един Вуд.

 
 
 
View this post on Instagram

Flashback to my very first time on Toddlers and Tiaras at 4

A post shared by Eden Wood® (@officialedenwood) on Sep 21, 2018 at 3:17pm PDT

Лицето на ова девојче е многу познато - претходните години таа неколку пати победуваше на различни натпревари за убиавина, а беше прогласена и за најубаво девојче во цела Америка.

Нејзината мајка Мики ја вовела во светот на натпреварите кога имала само 2 години, инсистирајќи на тоа синооката Един секогаш да биде дотерана, со совршена фризура, нашминкана и облечена во дамски фустани од тул.

Мики до таа мера сакала да ја зачува убавината на својата ќерка што ја терала да јаде исклучи нискокалорична храна, а ја носела и на солариум, секојдневно ѝ давала енергетски пијалоци, за Един да биде добро расположена.

 
 
 
View this post on Instagram

Hi :))

A post shared by Eden Wood® (@officialedenwood) on Mar 24, 2019 at 1:41pm PDT

Ваквиот начин на живот и темпо не се одрзиле добро врз здравјето на оваа млада дама - континуирано имала силни главоболки, а добила проблеми и со метаболизмот.

 
 
 
View this post on Instagram

Last thoughts of summer

A post shared by Eden Wood® (@officialedenwood) on Sep 30, 2018 at 1:06pm PDT

Подоцна испливале и информации дека Мики често и ја тепала својата ќерка, а целта било Един да создаде отпор на стресни ситуации.

На крајот оваа мајка била предупредена дека мора да го промени однесувањето за државата да не ѝ го одземе детето, а и самата Един решила да престане да се натпреварува кога наполнила 6 години и освоила 300 титули.

Денес таа има 14 години, а и понатаму се занимава со моделинг, но во далеку помала мера. 

 
 
 
View this post on Instagram

Happy Birthday, America

A post shared by Eden Wood® (@officialedenwood) on Jul 4, 2019 at 7:59pm PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2019 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега