ФОТО: Беше најубава русокоса во Холивуд - денес има 65. години и издеформирано лице од операции

Една од најпознатите холивудски актерки Ким Бесинџер своевремено била синоним за сексипил и убавина, а ја красел раскошен актерски талент и несекојдневна харизма.

Бонд девојката ги освоила срцата на гледачите, но и на многу познати мажи, како Ричард Гир, Принц, продуцентот Џон Питерс...

Сите биле едногласни - Ким го имала „она нешто“, но исто така била дива и хировита, но не била имуна на алкохол, наркотики и секс, како и на трошење пари.

На врвот од кариерата го запознала Алек Болдвин и тоа додека заедно го снимале филмот „The Marrying Man", а подоцна признала дека уште на првиот состанок ја прашал дали сака деца.

Kim i Alek u danima ljubavi

Парот разменил брачни завети во 1993 година, откако актерката поминала низ многу тежок финансиски и професионален период во кој прогласила и банкрот. Четири години помладиот Болдвин тогаш бил нејзина најголема поддршка и потпора, а во 1995 година ја добиле ќерката Ајрланд.

Само пет години подоцна ставиле крај на бракот, и тоа со вистинска драма и обвинувања од двете страни.

Алек својата среќа ја пронашол во сопругата Хиларија со која го очекува петтото дете, додека Ким долги години била посветена во борбата за права на животните и нивното згрижување и спасување.

Таа синоќа се појавила на хуманитарна забара посветена на животните, а изгледала значително поинаку од младоста.

Таа се појавила во во старки и бела памучна маица, но сите повеќе ги интересирало нејзиното издеформирано лице.

Не е тајна дека актерката имала низа естетски корекции, но се чини дека дефинитивно претерала.

Славната 65-годишна актерка го покажала лицето на кое е тешко да се воочи било каква мимика, а се чини дека и фризерот не ја завршил добро работата таа вечер.

Kim Besindžer danas

Preterala sa zatezanjem?

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега