ФОТО: Берлускони има 83 години, а се чувствува како момче - „Во огледало не гледам старец“

Некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој оваа година полни 83 години, изјавил дека кога ќе се погледне во огледало не гледа старец и дека и понатаму ќе биде во политиката, за Западот со помош на Русија да ѝ даде отпор на Кина, но дека нема да се враќа во Владата на Италија.

Тој меѓу другото одговорил и на прашањето како човек се чувствува кога ќе остаре.

-Кога ќе остарам, ќе ви одговорам на тоа прашање. Иако сум свесен дека пред себе немам многу време, се надевам дека не е ни малку, не чувствувам дека стареам кога се гледам во огледало и размислувам за работите кои треба да се напрват. Староста уште не влегла во мене - рекол Берлускони и додал дека сите негови другари од гимназија сега се пропаднати старци, освен тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2019 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега