ФОТО: Белград после вчерашните протести - што оставија демонстрантите зад себе

Ова е дел од хаосот кој хулиганите кои синоќа уништуваа и палеа во Белград, го оставија зад себе. Тие кои не учествува на изборите сега на сила сакаат да го заземат Народното собрание, полна им е устата со Косово и Метохија, а се прават патриоти илјадници километри од Косово и Метохија, каде овие „херои“ не смеат да одат - ова се зборовите кои утрово на Фејсбук ги напиша заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ во опис на фотографиит од пустошот кој демонстрантите го оставиле зад себе вчера.

Тој напишал и дека „додека државата се бори да го зачува здравјето и животот на граѓаните од коронавирусот, оваа политичка групација води политика со ултрадесничарско палење и рушење на институции и градски и државни имоти кои, сигурен сум, го оудија сите граѓани на нормалната и пристојна Србија за каква се бориме“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега