ФОТО: Белгиската министерка поради маската стана хит - никој не очекувал дека вака ќе се појави во јавност

Белгиската министерка за здравје, Маги де Блок, привлекла внимание на социјалните мрежи поради маската која ја носела во парламентот.

Таа на маската го испечатила својот лик.

Де Блок ја твитнала својата фотографија на која носи маска со својот лик и напишала дека 'целиот приход од тие маски ќе биде даден во хуманитарни цели'.

Во Белгија од саботата е задолжително носење маски во затворени простории, вклучувајќи продавници, кина и музеи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа