ФОТО: Англиски фудбалер мора во затвор - ја претепал девојката среде улица

Поранешен фудбалер на англискиот Акрингтон, 24-годишниот Ендрју Акингбаје е осуден на две години и осум месеци затвор поради претепување на својата девојка Кристал Мисион.

Акингбаје ја претепал 21-годишната Кристал среде улица. Прва ѝ удрил шлаканици, па за коса ја влечел по тротоар. Кога стигнала Итната помош на несреќната девојка ѝ биле констатирани повреди на главата, раката и ногата.

Неговата адвокатка рекла дека Ендрју нападнал 15 лица и дека не знаел дека ја удира и својата девојка.

Судјката сепак проценила дека фудбалерот е опасен по животот на жената и го испратила во затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2019 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега