ФОТО: Анѓела и нејзиното момче Милош загинаа во стравична несреќа во Германија - татко ѝ и брат ѝ тешко повредени

Во тешка сообраќајна несреќа која се случила во Германија загинале 19-годишната Анѓела М. и нејзиното момче, 20-годишниот Милош С., како и нејзиниот 41-годишен вујко.

Германските лекари се борат за животот на тешко повреденото момче, 14-годишниот брат на настраданата Ангела, кој засега реагира само на гласот на мајка му.

Нејзиниот татко Миле е исто така тешко повреден во несреќата, но е надвор од животна опасност и е под седативи.

Милош во Германија отишол на 31. јули да ја изненади Ангела, затоа што првично е договориле да оди на 7. август.

Во моментот на несреќата, Анѓела, нејзиниот брат, татко ѝ и вујко ѝ, како и Милош, отишле на обиколка околу градот.

Несреќата се случила во неделата во Ротенбург во германската област Баварија кога возач на „форд“ во кој биле загинатите Срби, удрил во знакот „стоп“, а потоа се одбил и удрил во автомобил од марката „голф“ кој го отрфлил и удрил во трето возило.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2019 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега