Пациентите кои го користат лекот „Фостер“, кој се наоѓа на Позитивната листа на лекови, од овој месец повторно ќе можат да го подигнат од аптеките без доплата, односно ќе ја плаќаат само законски утврдената партиципација за рецепт.

Како што информира Министерството за здравство, за оваа промена ги известила компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот, а измените се направени во интерес на пациентите.

Истите услови ќе важат и за другите лекови кои ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат со активности насочени кон подобрување на достапноста на лековите и обезбедување поприфатливи цени за пациентите, со цел олеснување на пристапот до неопходната терапија.

Exit mobile version