Формирана е дисциплинска комисија која ќе го испитува случајот со раководителката во МП

Министерството за правда ве информира дека е формирана дисциплинска комисија која ќе го испита целиот случај во врска со повикувањето во полициска станица  на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст.

Министерството за правда ќе ја преипита постапката на раководителката и ќе преземе се што е во рамките на  надлежностите  и  ингеренциите а во најкус можен рок и ќе се произјасни.

Министерството за правда ќе направи се за да ги заштити слободата на изразување и  на говор кои се неприкосновени права во секое демократско општество .

Министерството за правда

17.05.2022 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега