Форин Офис предупредува: Врие од медузи во морето во Грција

Британскиот Форин Офис ги предупреди денеска Британците кои како туристи летуваат во Грција, на опасноста да бидат нападнати од медузи во морската вода.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи изјави дека оваа година има „невообичаено многу“ медузи во морето, па им препорача на британските туристи да бидат внимателни при капењето.

Во препораката се вели дека Британците треба да се консултираат со локалните грчки власти околу „наездата“ на медузи, кои би можеле да предизвикаат болни последици.

Грчките власти ги отфрлаат како претерани предупредувањата на Форин Офисот, додека еден грчки биолог за лондонските медиуми изјави дека оваа година „нема повеќе медузи од обично“. Тој твди дека медузите во морската вода не се опасни, бидејќи не касаат.

Наезда на медузи има и во другите реони на Медитеранот, а посебно во крајбрежните води на Франција и Италија.

Експерти објаснуваат дека медитеранските води се преполни со медузи, како и дека тие во овој регион не се смртоносни, но дека сепак може да предзивикаат проблеми. 

најчитано сега