Фон дер Лајен за корона пасошите: Ќе бидат воспоставени за најмалку 3 месеци

Лидерите на ЕУ вчера на редовната видео-конференција посветена на борбата против пандемијата ковид 19 покажаа дека постои се поголема поддршка за така наречениот дигитален сертификат за вакцинација кој би се засновал на заедничкји европски критериуми за легување во земјите членки и отворање на друштвото после пандемијата.,

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен вели дека на земјите членки ќе им биде донесена одлука за тоа што ќе може да се прави со сертификатите, а дека на ниво на ЕУ тие ќе се користат за функционирање на единствениот пазар.

Фон дер Лајен навела дека за воспоставување на интереоперабилниот систем на сертификатот за вакцинација во ЕУ ќе бидат потребни најмалку 3 месеци.

„Системот ќе ги поддржи информнациите за вакцинација, негативен ПЦР тест или имунитет на лицето. Потребна ни е брза имплементација ако сакаме овие сертификати да бидат функционални пред летото“, заклучила таа.

Во ЕУ нагласуваат дека и понатаму има доста отворени и политички и научни прашања кога станува збор за сертификатите за вакцинација, односно ќе бидат применувани.

„Имаме охрабрувачки податоци дека во Израел вакцините на Фајзер се покажале дека го запираат преносот на инфекцијата после ревакцинацијата“, вели Фон дер Лајен.

Таа додава дека ЕУ досега добила 50 милиони дози вакцини против Ковид 19 од кои 29 милиони биле потрошени за вакцинација на граѓаните, што претставува 8 проценти од возрасната популација во ЕУ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега