Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска упати честитки до жителите на Шпанија и Португалија по повод големиот јубилеј – 40 години од нивното членство во Европската Унија (1 јануари 1986).

Во видеообраќањето, таа ја истакна неверојатната трансформација на двете земји. За Португалија, Фон дер Лајен нагласи дека од „градина засадена крај морето“, земјата станала лидер во обновлива енергија и иновации. „Луѓето живеат подолго и заработуваат повеќе, беа изградени нови училишта, болници и автопатна мрежа. Вашето фадо, вашата судбина, се токму тука, во срцето на Европа“, порача таа.

За Шпанија, претседателката на ЕК истакна дека членството означило враќање кон демократската иднина. „Шпанија сега е економска сила, со втора најнапредна туристичка економија во светот. ЕУ инвестираше во Шпанија, но и Шпанија ѝ помогна на Европа да стане светски лидер во обновливата енергија“, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека ова е приказна за успешно патување од кое двете страни излегле многу посилни.

Exit mobile version