Фон дер Лајен разговараше со Зеленски: Путин нареди „варварско“ бомбардирање

 

Европската унија ќе ги интензивира напорите да им помогне на Украинците кои се обидуваат да го одржат снабдувањето со електрична енергија и греење, најави вечерва претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Фон дер Лајен рече дека ЕУ е подготвена „што е можно поскоро“ да достави значителни донации од земјите-членки и од резервите на ЕК.

Наведе дека ЕУ може да испорача 200 средни трансформатори и голем автотрансформатор.

Од Латвија во Украина треба да се испрати еден голем автотрансформатор, а од Романија 40 големи генератори на струја.

Секој од овие генератори може да произведе доволно електрична енергија за да обезбеди мала или средна болница, рече претседателката на ЕК, додавајќи дека ЕУ изразува целосна солидарност со украинскиот народ, кој се соочува со „намерно и варварско“ бомбардирање на цивилната инфраструктура по наредба на рускиот претседател Владимир Путин.

25.11.2022 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега