Физички нападнат доктор од кумановската Итна медицинска помош

Доктор од кумановската Итна медицинска помош бил физички нападнат при извршување на неговата работа. Инцидентот тој го пријавил вчера во 10:20 часот.

-Во саботата околу 22.00 часот, додека бил на интервенција по претходно случена сообраќајна незгода на пат Куманово-Свети Николе, во близина на с.Добршане, лекарот бил навредуван од две непознати лица, роднини на починатиот, по што од таткото на починатиот бил физички нападнат, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега