Финишира кратењето на програмата за полагање на државната матура

Утре ќе се знае што се е скратено во програмата за полагање на државната матура, дознава Прес24. Комисијата формирана како дел од договорот меѓу матурантите и Владата привршува со работа. 

Извори од Комисијата за Прес24 велат дека работата е при крај. Утре скратената програма ќе биде испратена до министерката за образованието, Мила Царовска. Ќе треба да се направи и проверка на прашањата за матура дали соодветствуваат со програмата за полагање, за да не се случи да се појават прашања кои се во дел од предметот кој е отфрлен.

Некои предмети сепак нема да претрпат модификации. Таков е случајот со „Информатика“. Овој предмет не се крати бидејќи се изучува само во прва и втора година, а барањата на матурантите беше да се скрати програмата од учебните години кои беа зафатени со пандемијата. Односно се крати материјал од второто полугодие од минатата, и од цела оваа учебна година. 

Средношколскиот Сојуз барем засега е е задоволен од тоа како оди процесот по договорот со Влада за полагањето на државната матура.

-ССРСМ е задоволен од процесот што се одвива за имплементација на договорот што ја постигнавме со Владата. Се скратат испититните програми, повторно се пријавуваат испитите за државната матура, и се подготват банки со прашања за интерните испити, вели претседателот Бленди Ходаи.

Сагата за матурата траше повеќе од еден месец. На почетокот матурантите бараа наместо четири да полагаат два предмети. На крајот Владата и средношколците дојдоа до компромис кој беше прифатлив за двете страни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега