Филмско разбојништво во заложна куќа во Скопје- две лица под истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека вчера извршиле разбојништво во заложна куќа.

-Лицата на возраст од 23 и 22 години, по претходен договор, заедно влегле во објект на заложната куќа „Астра кредити“, на улица „Лондонска“ во Скопје, и со закана кон еден вработен одзеле парични средства. Едниот осомничен, држејќи пиштол марка „Пјетро Берета“ во раката, побарал од оштетениот да го отвори сефот и да ги извади парите. Оштетениот постапил по ваквата наредба, го отворил сефот и му дал 120.000 денари. По ова, вториот осомничен самиот се приближил до сефот и го зел остатокот од 180.000 денари кои се наоѓале внатре. Двајцата осомничени потоа го напуштиле местото со мотор кој бил паркиран во близина на заложната куќа, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител оценил дека се исполнети законските основи, па до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега