Филмска бркотница на патот Скопје-Гевгелија

Околу 04,30  часот на автопатот Скопје-Гевгелија, кај клучката „Демир Капија“, се случувала филмска бркотница.

Од страна на полициски службеници, бил даден знак за запирање на патничко возило „Мерцедес“ со албански национални ознаки, при што возачот продолжил со движење. По преземени мерки, возилото било запрено, а возачот се дал во бегство, додека во возилото биле пронајдени шест мигранти од Пакистан.

За настанот бил запознат Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот..

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега