Филиповски: Чистотата и хигиената во Аеродром ми се приоритет, ќе го смениме греењето на куќите

„Она што можам да го ветам и го кажувам константно изминативе денови во кампањата е дека посебен акцент ќе ставиме и на чистотата и на хигиената во општина Аеродром. Огромен проблем се индивидуалните куќи во Долго, Горно и населба Лисичен. Мора да ги убедиме луѓето да го сменат начинот на греење“ кажа кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ и коалицијата, Александар Филиповски на дебатата на „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Тој додаде дека има искуство, јасен план и визија како општината да ја направи поубаво место за живеење за сите граѓани и како да ги решава проблемите на граѓаните. Филиповски кажа дека претходното непланско работење со општината направило доста проблеми.

„Голем проблем се индивидуалните куќи, веќе постојат мерки за нив, но мора да иницираме и да ги убедиме луѓето дека вистинскиот начин е тие да аплицираат и да ги променат своите фасади во енергетски ефикасни и да го променат начинот на греење. Тука општината има влијание, ќе субвенционира и помага. Сигурен сум дека тоа ќе биде и поевтино за нив и добро за животната средина во нашата општина“ кажа Филиповски.

Тој додаде дека иако Аеродром изобилува со зелени површини, тие треба да се одржуваат и да се садат нови високо квалитетни дрвја со цел спречување на поголемо загадување.

08.10.2021 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега