Филипов поднесе кандидатура во СДСМ за претседател: Се водам по принципот сите сме едно општество

Поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов најави дека ќе се кандидира за претседател на државата на партискиот оглас на СДСМ, со што е првиот нивен кандидат кој објавил дека влегува во трката за шеф на државата.

-Ќе делувам според принципот дека сме едно општество. Сите сакаат да живеат во мир и безбедност, со здрав и чист воздух, квалитетно образование, добро здравство“, рече Филипов на прес конференцијата.

Инаку, Филипов беше амбасадор во Германија од 2005 до 2010 и во Австрија од 2010 до 2014 година. 

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ веќе ги објави своите кандидати за претседател. На листата се Никита Шектуковски, Ѓорѓи Манасков, Васко Костов, Влатко Ѓорчев, Гордана Силјановска, Илија Димовски, ФИлип Петровски, Горан Ангелов и Сашо Кутлешовски.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2019 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега