Филипинец почина откако полицајци го натерале да направи 300 клекнувања поради кршење на полицискиот час

Филипинец почина откако бил принуден да направи 300 клекнувања поради кршење на полицискиот час и стана последната жртва на честопати бруталниот пристап на државата во спроведувањето на рестриктивните мерки.

Дарен Манаог Пенаредондо го напуштил својот дом во Генерал Триас – град во карантин од 1 април, за да купи вода.
Полицијата го сопрела и му рекла да направи 100 клекнувања како казна поради кршење на мерките. Потоа бил принуден да го повтори ова неколку пати и на крајот направил 300 клекни-стани.

„Тој доби сериозни напади во саботата, но успеавме да му помогнеме. Потоа повторно падна во бесознание, а подоцна и во кома“, рече неговото семејство, пренесува Си-Ен-Ен. Пенаредондо почина во 22 часот во саботата.

Филипините се една од азиските земји со најголем број на заразени со коронавирус. Од почетокот на пандемијата, таму се регистрирани 819.000 случаи на зараза со Ковид-19 и 14.000 смртни случаи. Минатиот месец имаше голем пораст на бројот на новозаразени, што ги натера властите да одлучат дека повеќе од 25 милиони луѓе одат во карантин.

Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа наредија истрага за смртта на Пенаредондо.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега