Филипче: Заложбата е сите медицински работници и помошно технички персонал да бидат наградени

Откако веста дека сопругата на директорот на Општата болница во Дебар се нашла во листата на вработени кои добиле награди предизвика бурни реакции во јавноста, министерот за здравство Венко Филипче, за Фактор, изјави дека Министерството за здравство не учествува во креирање на листите на здравствени работници и помошно технички персонал кои треба да добијат еднократна награда.

-Министерството со допис ги задолжи директорите на установите да во рамките на инситуцијата подготват листа на свои вработени, согласно критериумот да тие вработени биле/се вклучени во работата со ковид пациенти. Заложбата на Министерството за здравство е да сите медицински работници и помошно технички персонал кои речиси една година се на првата борбена линија со вирусот, бидат наградени за својата посветеност и труд, истакнува министерот Филипче за Фактор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа