Филипче: Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки

По низата реакции на социјалните мрежи се огласи и министерот за здравство Венко Филипче кој го подржа Премиерот и рече дека Заев во изминатите три години донел низа тешки одлуки, но целосно исправни.

„Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит.

Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме.“ напиша Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа